Сега ќе растат цените: Произведен последниот од 375-те примероци од McLaren P1

Рекордно брз, скап и редок. Тоа е описот на McLaren P1. Првиот од серијата од 375 примероци беше изработен во 2013 година, а од фабриката во Вокинг сега замина и последниот примерок.

McLaren ја заврши продукцијата на хиперспортскиот автомобил P1 откако фабриката го произведе 375-от примерок од серијата. Првиот McLaren P1 излезе од фабриката во Вокинг во септември 2013, во знак на одбележување на 50-годишнината на McLaren. Целата серија на ексклузивниот модел со цена од 1,1 милион евра беше распродадена уште пред првото возило да му биде испорачано на купувачот.

mclaren p1 375 03Секој примерок од P1 е изработен рачно и според специфичните барања на секој сопственик. Изработката на еден примерок траеше во просек по 17 денови или 800 часови. Во проектот учестуваше тим од 105 лица. Болидот до 916 КС е прв сериски автомобил на McLaren со хибриден погон и е главен конкурент на Ferrari LaFerrari и Porsche 918 Spyder. Забрзувањето до сто трае 2,8 секунди, крајната брзина е ограничена на 350 километри на час.

Пред да стартува сериското производство, McLaren изработе 13 експериментални прототипи, 5 прототипи за тестирање и 3 претсериски возила. Најголем дел од возилата се продадоа во САД, каде што се испорачаа 34 проценти од продукцијата, а потоа следат Азија и Пацификот со 27 проценти, Европа (26 проценти) и Средниот Исток и Африка (13 проценти).

Претходна објаваLotus Exige Sport 350 е уште полесен, уште побрз – и поскап
Следна објаваНовите норми за издувни гасови „преслаби“ за ЕУ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here