„Ферарито“ на Фанџо оди на наддавање: Се очекуваат 30 милиони долари

Во средината на декември ќе се наддава за еден многу важен историски автомобил: Ferrari 290 MM Scaglietti, со кој легендарниот Фанџо учествуваше на Миле Миља во 1956 година.

Историските модели на Ferrari бележат рекорди суми. Од автомобилот што аукциската куќа Сотби ќе го понуди на наддавање во Њујорк на 10-ти декември се очекува да постави нов рекорд. Ferrari 290 MM Scaglieti е автомобилот со кој легендарниот Хуан Мауел Фанџо победи на трката Миле Миља во 1956 година и проценет е на 32 милиони долари, односно околу 30 милиони евра. Откако ќе се додадат сите даноци, можно е 290 MM да достигне цена од 38 милиони долари, со што ќе ја надмине и вредноста на Ferrari 250 GTO, како модел на Италијанците што има достигнато највисока цена на наддавање.

ferrari 290 mm scaglietti 1956 (5)Три карборатори со по две грла хранат 12 цилиндри за да испорачаат 324 КС

И техниката е импресивна. Моторот е V12 со сув картер, со зафатнина од 3,5 литри и моќност од 324 КС, три двојни карбуратори Weber, четиристепен менувач, спирални пружини и стабилизатори на предната оска и зедна оска де-дион.

Фанџо стартуваше со овој автомобил на Миле Миља во 1956 година. Во претходната сезона, Mercedes ја презеде титулата од Ferrari, а во трките се врати и жестокиот конкурент Maserati. Енцо Ферари не помислуваше да се предаде тукутака и наложи развој на 290 MM Scaglietti, ангажирајќи го дополнително и најдобриот возач на сите времиња. Фанџо ја заврши трката на четвртото место. Ferrari сепак го освои светскиот шампионат во таа година, исто и во наредната. По Фанџо, зад воланот на Scaglietti седнуваа Фил Хил, Алфонсо де Портаго и Волфганг вон Трипс, се возеше на Нирбургринг и Спа Франкоршамп, па дури и во Куба.

По завршувањето на активната кариера во 1970 година, Ferrari беше во сопственост на Французинот Пјер Бардино цели 34 години. Автомобилот може да му носи среќа на идниот сопственик. За целата тркачка кариера, 290 MM Scaglietti ниту еднаш нема претрпено судир.

Претходна објаваОвој човек заработува превезувајќи луѓе преку мост
Следна објаваЈубилеј на Skoda: 12 милиони автомобили од Млада Болеслав

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here