Mercedes-Benz Sprinter во дваесетгодишнината од неговото присуство на пазарот ја понесе наградата FN50 за најиздржлив транспортер во Британија во 2015 година.
Mercedes-Benz Sprinter беше прогласен за најиздржлив транспортер на годишната манифестација на британската организација FN50, одржана во Парк Плаца во Вестминстер Бриџ, пред 900 професионалци од браншата. FN50 е независна истражувачка организација којашто во август и септември годинава ги анкетираше 50-те најголеми компании за лизинг во Велика Британија.
Стивен Брајерс, главен уредник во специјализираниот магазин Fleet News го коментираше успехот на Sprinter: „Најиздржливиот транспортер според FN50 се базира врз податоците од најголемите компании за лизинг во Велика Британија, за бројот на дефекти на возилата и за барањата на остварување на право на гаранција.“
Издржливоста е решавачки фактор кога големите компании за лизинг ги избираат возилата за своите возни паркови.
















