Bentley Continental со 331 km/h во австралиската дивина

Австралиската тркачка легенда Џон Боув го потера Bentley Continental GT Speed до крајна брзина од 331 km/h по автопатот Стјуарт, длабоко во северната територија, каде што не постојат брзински ограничувања.

Со 635 КС и 820 њутнметри од неговиот мотор W12, GT Speed ја достигна крајната брзина од 331 km/h по само 76 секунди, изминувајќи растојание од 9,4 километри. При крајното темпо, престижното купе со шестлитарски битурбо мотор минуваше 92 метри во секунда. Џон Боув го коментираше подвигот: „Ова не е модифициран тркачки автомобил, туку е луксузно купе штотуку излезено од производствената лента. Потребно ни беше само малку повеќе од една минута од место до 206 милји на час. Дури и кога ќе се мине границата од 200 милји на час, GT Speed продолжува да забрзува.“

https://youtube.com/watch?v=OPUm9-6YtME

Автопатот Стјуарт покрива растојание од 2.834 километри од Дарвин, на Северната Територија, до Порт Аугуста, во Јужна Австралија. Тоа е приближн растојанието од Лондон до Истанбул или од Њујорк до Денвер. Во октомври 2013, локалните власти воведоа пробен период за возење без брзинско ограничување на делницата во должина од 200 километри меѓу Алис Спрингс и Бароу Крик.

При 331 km/h, моторот на Bentley провртува 216 литри течност за ладење, вовлекува 4.700 литри воздух во една секунда и користи 80 проценти од моќта само да го совлада отпорот на воздухот.

Шесткратниот шампион со туристички автомобили и двократен победник на Бетхарст 1.000, Џон Боув, беше вистинскиот избор за брзинскиот лов на Bentley во „црвениот центар“. Боув моментно се трка со Continental во GT3 шампионатот во Австралија.

 

 

Претходна објаваДизајнерската ѕвезда на концернот Volkswagen заминува во пензија
Следна објаваMercedes Sprinter е најиздржлив транспортер според Британците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here