Малечката марка со голема мудрост смисли нов начин како да привлекува купувачи. Заинтересираните корисници во Германија можат да се пријават за бесплатен smart, а за возврат не треба да се измачат премогу.
Smart смисли нов концепт на изнајмување возила. Место со пари, избраните пет учесници во пилот-проектот Smart Social Leasing можат да го платат својот Fortwo или Forfour со пробни возења. Тие ќе ги користат автомобилите во следните шест месеци, со платено гориво, осигурување и даноци, а како противуслуга ќе мораат месечно да направат по десет пробни возења со пријатели, познаници или заинтересирани купувачи. Пријавувањето важи само во Германија, со посета на страницата www.smart-social-leasing.com . Кандидатите мора да докажат дека имаат 50 пријатели што ќе ги подржат во проектот. За време на конкурсот, секој регистриран кандидат ќе може на страницата да проверува колку пријатели гласале за него. По истекот на конкурсот, интерно жири ќе ги избере петте среќници. Бесплатното возење за нив ќе почне во следната пролет.
https://youtu.be/A7nUNu-3osY
















