Постојат случаи кога оштетените стакла на автомобилот може да се поправат безбедно за на тој начин да се избегнат непотребните трошоци или покривање на делот што не е опфатен со осигурувањето.
Оштетувањето на стаклата на автомобилот е меѓу најчестите случаи на надомест на штета од осигурителните компании. Природата на оштетувањата досега од насилно кршење до удар од камчиња на патот. Но, возачите често пати се во двоумење, дали стаклото на автомобилот треба да се поправи или промени.
Основното правило гласи: Сé што не е во видното поле на возачот и помало е од пет милиметри, односно е оддалечено најмалку десет сантиметри од работ на стаклото, може да се поправи. Под видно поле се подразбира површината со големина на лист хартија со големина А4 директно пред возачот. Оштетувањето може да го има опфатено само надворешниот слој на ветробранот, но не и меѓуфолијата или внатрешиот слој од ветробранот. Покрај тоа, не смее да се дозволи во стаклото да навлезе вода или нечистотија. Препорака е оштетеното место веднаш да се покрие со налепница или со фолија.
Поправката е шест до 10 пати поевтина отколку замената на стаклото
Сервисните работилници и специјализираните сервиси за автомобилски стакла можат да го поправат стаклото. При правилна поправка речиси не се забележува поправеното место, а стаклото има цврстина блиску до првобитната. Трошоците за поправка се движат меѓу 50 и 100 евра, а во некои сервиси се добива и гаранција за извршената поправка.
Доколку стаклото мора да се замени, потребен е многу поголем обем на работа, затоа што ветробраните кај денешните патнички автомобили се залепени во рамката. Соодветно на тоа се повисоки и трошоците, кои во зависност од видот и изведбата на ветробранското стакло се движат меѓу 400 и 1.000 евра. При склучувањето договор за осигурување, постои можност за делумно каско осигурување, коешто ќе ги покрие и стаклата во кабината од оштетување, но не и стаклата на светлата, на ретровизорите или сончевиот покрив. Овие совети може да ги имате во предвид при склучувањето договор со осигурителната компанија, исто како и при процената на оштетувањето на стаклата.

















