Sarolea го претстави електричниот мотоцикл Manx 7, произлезен директно од тркачкиот SP7 кој годинава возеше на трката на островот Ман. Белгиската марка во иднина планира цела серија брзи мотоцикли на струја.
Мото-марката Sarolea го понуди во редовна продажба моделот Manx 7, со погон на струја и со обемна примена на карбон во конструкцијата. Белгиската фирма е основана уште во 1850 година и во иднина најавува натамошни модели на електрични мотоцикли со високи перформанси, кои ќе се произведуваат во ограничена серија примероци.
Sarolea Manx 7 е произлезен директно од SP7, кој во 2014 и 2015 година успешно се натпреваруваше на трката на островот Ман во класата ТТ Зеро. На патеката на планината Снефел во должина од 60 километри редовно се одржуваат натпревари со мотоцикли уште од 1907 година. Станува збор за најстарата мото-трка во светот. Од пред неколку години е воведена дополнителната класа ТТ Зеро, за мотоцикли со нулта емисија на штетни гасови.
Импресивна просечна брзина од 170 km/h на 60-километарската патека по островот Ман
Електричниот супербајк SP7 ја извозе патеката на британскиот остров со просечна брзина од 170 km/h и со минимален заостаток пропушти место на подиумот. Sarolea го разви и го произведува новиот Manx 7 токму на островот Ман. Фирмата уште не ги открива техничките детали околу мотоциклот. Производството на мотоцикли згасна во 1960-те години поради намалениот интерес на пазарот, но фирмата виде шанса за голем камбек со електрични мотоцикли со високи перформанси.
















