Британија бара ЕУ да ги „олабави“ нормите за издувни гасови

Владата на Велика Британија предлага ЕУ да дозволи автомобилите да испуштаат двојно поголема количина на штетни материи од дозволеното според нормата Euro 6 до 2019 година. Слични барања имаат и Германија и Франција.

Додека е во ек аферата со недозволената емисија на штетни материи кај дизелите на Volkswagen, британската влада, заедно со Франција и Германија, бара Европската Унија да дозволи автомобилите да испуштаат поголема количина на штетни материи од актуелниот законски лимит. Британија бара дозвола новите автомобили да испуштаат двојно поголема количина на азотни оксиди од дозволениот лимит според нормата Euro 6 до 2019 година, односно 40 проценти над следната планирана норма за емисија на азотни оксиди. Слични директиви бараат и Франција и Германија.

Европските законодавци планираат нулта толеранција во поглед на дозволената количината на азотни оксиди од 80 милиграми на километар по 2020 година. За производителите на автомобили да можат полесно да ги исполнат овие строги ограничувања, ЕУ за 2017 година најави имплементација на две фази на поблаги норми, со дозволени отстапувања од лимитот.

Индустријата бара ЕУ да одобри толеранција од 60 проценти над актуелниот лимит за NOx од 80 mg/km

Производителите бараат тие и натаму да ги декларираат своите автомобили како да ја исполнуваат нормата Еуро 6, но со одредени дозволени отстапувања од лимитот. Нивните барања се толеранцијата за емисијата на азотни оксиди да изнесува 60 проценти над лимитот до 2017 година, за потоа дозволеното отстапување да се ограничи на 20 проценти до 2019 година. Тоа би значело дека автомобилите во 2019 година се уште би „можеле“ легално да испуштаат до 95 mg NOx на километар.

Британската влада во тој поглед бара уште поголеми отстапувања, односно до 160 mg/km до 2019 година, што е незначително под лимитот на Euro 5, и понатаму 112 mg/km по 2019 година. Резултатот од британскиот предлог ќе се знае по гласањето на 28-ми октомври.

Претходна објава1000 милји со погон на горивни ќелии: Со водород низ цела Калифорнија
Следна објаваFord распишува натпревар за најдобра мобилна апликација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here