Вистински сцени како од Дивиот Запад се случувале при кражбата на Audi RS6 DTM во Амстердам. Шампионот во скијање во слободен стил и пасиониран возач Јон Олсон на времето предизвика сензација на тјунинг-сцената со автомобилот вреден преку 400.000 евра.
Скијачот Јон Олсон годинава учествуваше во релито Гамбол со уникатниот Audi RS6 DTM со 1.000 КС. Потоа, шведскиот скијач го продаде возилото на холандската фирма Auto Leitner, специјализирана за трговија со скапоцени и исклучително ретки автомобили. Во минатиот петок, за време на снимањето на видеоспот во тунел во Амстердам, новите сопственици биле пресретнати од комбе, од коешто потоа излегле наоружани лица. Испукувајќи неколку рафали во воздух, тие побарале сопственикот и камерманот да излезат од ексклузивниот Audi, по што заминале од местото.
Во оружаниот напад немало повредени, но шокираниот сопственик знаел дека крадците не можат да заминат предалеку, затоа што заборавиле да ги земат клучевите од него – со систем за пристап и стартување без клуч, моторот повеќе нема да стартува откако еднаш ќе се изгасне, без оригиналниот клуч да биде во близина.
Во меѓувреме, телевизиски канал објавил дека го пронашла украдениот Audi RS6 DTM, но автомобилот бил изгорен. Крадците веројатно сватиле дека е помалку од минимална шансата да се продаде толку редок и впечатлив автомобил.
















