Кинеската марка Qoros и натаму со проблеми во продажбата

Новата кинеска марка Qoros уште ја нема постигнато планираната динамика на продажба. Во септември марката продаде само 1.404 автомобили на домашниот пазар. Замина и шефот на производство.

Продолжуваат проблемите на кинескиот производител на автомобили Qoros. Во септември, марката продаде само 1.404 автомобили на домашниот и воедно најголем пазар во светот. Постигнатата продажба од 1.404 примероци во септември може да се смета дури и како позитивно достигнување, затоа што е речиси двојно повеќе отколку во истиот месец лани. Во меѓувреме, Qoros ја прошири моделската понуда и сега има три модели. Тоа секако ја поттикна продажбата, заедно со масовните рекламни акции на кинеската марка.

Лимузинската и комбилимузинската изведба на моделот Qoros 3 во август добија побогата опрема и 1,6-литарски мотор. Цените на моделите се движат меѓу 108.000 ренмимби (околу 15.000 евра) и 129.900 ренмимби (околу 18.000 евра). На први септември следуваше еко-верзија на Qoros 3, како и спортска верзија на моделот. Производителот очекува дека еко-варијантата ќе поттикне зголемување на продажбата, затоа што кинеската влада од почетокот на октомври го преполови ДДВ за мали автомобили со мотори до 1,6 литар. До крајот на 2016 година, данокот за овие возила ќе изнесува само пет, место десет проценти. Qoros наведува дека неговите купувачи ќе заштедат 25.000 ренмимби со даночното олеснување.

Шефот за производство замина да работи на фисибилити студија за Jaguar Land Rover

Неодамна шефот за производство Александер Вортберг ја напушти кинеската марка со седиште во Кина. Германскиот шеф работеше за Qoros од 2012 година, во новоизградената фабрика во Чангсу во близина на Шангај. Вортберг во моментов е ангажиран во изработка на фисибилити студија за изградба на фабрика на Jaguar Land Rover во Словачка. Британските марки во индиска сопственост планира фабрика за 300.000 возила. Конечната одлука се очекува до крајот на годинава.

 

Претходна објаваУште еден кросовер од SsangYong: Студијата XLV-Air оди во серија
Следна објаваЛуис Хамилтон доби специјалнa серија од MV Agusta Dragster RR

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here