Мото-марката BMW бележи рекорди: Преку 100.000 испораки до август

Промените што се случија во мото-марката на BMW покажуваат резултати. До август, BMW Motorrad продаде преку 100.000 примероци, што е нов продажен рекорд на сите времиња.

Девет месеци во континуитет расте продажбата на мотициклите на BMW. Во септември беа испорачани 11.088 примероци, што е за 11 проценти повеќе од лани. Вкупно 112.411 примероци се продадоа од мотоциклите и макси-скутерите на BMW до септември, и тоа е новиот рекорд. Лани, во истиот период се продадоа 100.217 примероци, или околу 12 проценти помалку мотоцикли.

Најголем удел во продажбата има серијата R, со карактеристичниот боксер мотор. Преку половина од продажбата отпаѓа на R 1200 GS, GS Adventure и RT, додека на четвртото место успешно се држи култниот BMW R nineT. Потоа следат новиот спортски турер BMW R 1200 RS и спортската серија S, сочинета од суперспортскиот S 1000 RR, родстерот S 1000 R и новиот авантуристички модел S 1000 XR

[quote_box_right]BMW Motorrad за првпат ја надмина волшебната бројка од 100.000 продадени примероци во 2006 година. Во 2015 година, мото-марката ја достигна оваа продажба за само девет месеци.[/quote_box_right]

Германскиот пазар останува најголем единечен пазар за марката, со 18.825 продадени мотоцикли и лидерство во класата до 500 сантиметри кубни, со учество од 25 проценти. Следат САД со 13.362 примероци, Франција (10.447), Италија (9.935) и Велика Британија со 7.241 примероци.

Моделската офанзива продолжува. Пред неколку денови BMW ги претстави новите моделски годишта на макси скутерите C 650 Sport и C 650 GT. Испораката на овие модели ќе стартува во следните месеци, а за наесен се најавува светска премиера на уште два нови модела.

Претходна објаваЛуксузната марка на Citroen ќе продава во Иран
Следна објаваMitsubishi со концепт на наследникот на ASX на салонот во Токио

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here