Шефот на Porsche доаѓа на местото на Винтеркорн во Volkswagen

Првиот човек на спортската марка Porsche ќе го наследи Винтеркорн на местото на шеф на целиот концерн Volkswagen. Неговата „стара“ марка бележи рекорди од година в година.

Матијас Милер е новиот шеф на концернот Volkswagen. Надзорниот одбор во петок треба да го изгласа 62-годишниот менаџер од Porsche на местото на Мартин Винтеркорн. Новото распоредување на функциите беше неопходно откако Мартин Винтеркорн се повлече во екот на скандалот со издувните гасови во САД. Утре ќе заседава 20-члениот надзорен одбор на германскиот концерн. На седницата требаше да се случи продолжување на договорот на Винтернорн, но место тоа сега ќе се гласа за неговиот наследник.

Матијас Милер е шеф на Porsche од октомври 2010. Спортската марка оттогаш бележи рекорд по рекорд. Спортските теренци Macan и Cayenne уживаат огромна популарност меѓу купувачите. Скандалот „Дизелгејт“ веќе неколку денови го тресе концернот Volkswagen. Моделите со дизел мотор поседувале специјален софтвер којшто препознава кога возилото е поставено на пробни валци и активира режим на работа со сиромашна смеша и намалена моќност на моторот, со цел да се задоволат строгите норми за издувни гасови.

Претходна објаваMercedes-Benz Arena ја стартува концертната сезона со U2
Следна објаваНа дизелот не му е пишано во САД: Историјата се повторува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here