Lotus со лесна нога: Ексклузивна серија Exige 360 Cup

Со фантастичен сооднос од 3 килограми на КС, Cup гарантира многу поголема динамика од таа што би се очекувала од „само“ 367 КС

Британската спортска марка бара 63.000 фунти, односно 88.700 евра за Exige 360 Cup, од кого ќе се изработат само 50 примероци. Ексклузивниот модел располага со 376 КС, односно нуди 10 КС повеќе од основниот модел Exige V6 Cup, а оваа моќност мора да се справува со само 1.130 килограми. Во кабината владее атмосфера својствена за тркачки автомобил, сведено на минимум. Предниот спојлер со агресивен дизајн, големите отвори за воздух напред, впечатливиот заден спојлер и дифузорот ставаат јасно на знаење дека Exige 360 Cup е на пат до најблиската тркачка патека.

На трка се од корист рамниот под што не го попречува струењето на воздухот, како и контрола на лансирање, за ракетен старт на компактниот болид. Спортските пружини се оптимирани за тркачки патеки и се дотеруваат во два степена, додека за амортизерите има четири можности за избор: нормален, спортски и тркачки степен, и исклучено. Со доплата може да се добијат лесни седишта од карбон, поместлив заштитен лак при превртување, противпожарен апарат, централен прекинувач за исклучување, како и отстранлив волан. Тие што сакаат барем малку повеќе комфор, имаат на избор алкантара во кабината или клима уред.

Претходна објаваУкрадена Corvette пронајдена по 33 години и реставрирана на фабрички трошок
Следна објаваLamborghini Aventador SV Roadster: Формула 1 со дозвола за возење по улица

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here