Seat го прекина производството поради штрајк на добавувачот на седишта

Фабриката на Seat во Марторел ги запре производствените ленти, откако добавувачот на седишта Johnson Controls започна штрајк. Во моментов е запрено производството на Ibiza, Altea и Leon, исто како и на Audi Q3.

Шпанската марка на Volkswagen мораше да го запре производството утринава, поради недостиг од седишта како резултат од штрајкот во добавувачот Johnson Controls Eurosit. Прекинот во производството се случува во чувствително време за Seat и можно е да трае до следниот вторник. Во првиот квартал од годинава, шпанската марка конечно успеа да постигне позитивен резултат во работата, по седумгодишна загуба. Новиот успех се должи првенствено на продажбата на компактот Leon.

Останатите добавувачи мораа да ја прекинат работата поради штрајкот

Од Leon дневно се произведуваат околу 700 примероци, во фабриката со вкупен капацитет за 2.100 возила во еден ден. Штрајкот во Johnson Controls Eurosit влијае врз целиот процес, затоа што и останатите добавувачи за Seat мораат да го прекинат производството. Лани во Марторел се произведоа 442.677 возила или за 14 проценти повеќе отколку во предминатата година, што претставува нов рекорд по 2002 година. Најголем придонес за тоа сепак има вклучувањето во производство на Audi Q3, како стратегиски потег на Volkswagen за оптоварување на погоните во Марторел и порентабилно работење на фабриката.

Штрајкот на 480-те работници во Johnson Controls Eurosit е предизвикан од губењето на договорот за испорака на седишта за идната генерација на Seat Leon. Тековниот договор предвидува испорака до 2017 година, но поради наоѓање поевтин и посигурен добавувач, Шпанците мораа да ја откажат соработката со актуелниот партнер за седишта. Seat продолжува со преговорите.

Претходна објаваMercedes GLC: Теренски работник во свечен костум
Следна објаваMercedes GLC: Што сé умее новото подвозје на теренецот од класата C

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here