Новиот шеф на Honda ветува повозбудливи модели

Тахикиро Хачиго е новиот прв човек на Honda и ветува дека ќе се погрижи марката да ги врати емоциите во моделите во својата понуда. Новата генерација на Civic ќе биде прв модел според новиот развоен принцип на Honda.

Јапонската марка од пред еден месец е под ново раководство на Такахиро Хачиго. Новиот шеф уште на неговата прва конференција за печат најавува дека ќе се погрижи марката да ги врати емоциите во моделите од својата понуда. Според Хачиго, тоа е многу поважно за марката, отколку ловењето на статистички податоци или грижата за поголемо оптоварување на погоните на Honda надвор од Јапонија. Со новиот шеф, Honda ќе продолжи да истражува во иновативните технологии, но и да влегува во повеќе алијанси и заеднички инвестиции со другите производители, заради намалување на производствените трошоци и пристап до нови технологии.

Хачиго го посочи мини-родстерот S660, којшто во моментов се продава само на домашниот пазар, како пример за автомобил што го прикажува новиот дух на Honda. Идната генерација на компактниот модел Civic исто така се посветува повеќе на емотивниот набој и ќе биде претставена кон крајот на годинава, со нова платформа и со мотори со смалена зафатнина и турбонатполнење, но подеднакво способни да посредуваат во задоволството во возењето што е типично за Honda.

Honda S660 Concept
Honda S660 Concept

Претходна објаваJaguar F-Pace премиерно на трка на две тркала
Следна објаваКолку се рециклирани нашите автомобили?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here