EcoSport: Преработениот мини теренец на Ford стартува од ново

8. FORD ECOSPORT, продадени примероци 18,289 –

Ford EcoSport е темелно преработен во секој детал и подготвен за новиот бран малечки теренци што летово пристигаат од јапонските марки. Моторите и натаму се најсилен адут на малечкиот брат на Kuga.

Компактниот автомобил од основата на понудата на теренски модели на Ford претрпе значајно освежување и подготвен е да го одбрани ударот што летово следува од конкурентите Mazda CX-3 или Honda HR-V. Промените во ентериерот се сведуваат на малечки, но значајни детали, како хромирани лајсни за командите во кокпитот, коишто му даваат нова свежина на EcoSport. Воланот е преземен директно од фејслифтот на Focus, долната половина од арматурната табла сега е во потемна боја, исто како и средишната конзола и облогите во вратите. Во верзиите со систем за конекција Ford Sync сега следува дисплеј од 4 инчи во средишната конзола.

Резервно тркало на капакот на багажникот отсега само по нарачка

Најзначајната оптичка измена е во задниот дел, кадешто досега беше закачено резервното тркало. Тоа не им се допадна на купувачите во Европа, па Ford реши тркалото да го нуди само како опција. Стандардно, EcoSport доаѓа со кит за поправка на гума. Подоцна во текот на годинава ќе следува и можност за доплата за систем за навигација, како и камера за рикверц, за полесно маневрирање при возење во рикверц.

EcoSport_27Програмата за стабилност и електромеханичкото сервоуправување сега работат попрецизно и дотерани се според европските патишта. Истотоважи за дотерувањето на подвозјето, со преработени пружини и амортизери. Со вградување дополнителна изолација во вратите и зад арматурната табла е постигнато намалување на бучноста во кабината.

Еднолитарскиот бензинец со 125 КС е ѕвезда во понудата на мотори

Трите понудени мотори во Ford EcoSport се одликуваат со способност за повлекување од најниски вртежи. Новиот 1,5-литарски TDCi отсега ослободува 95 место 90 КС, при потрошувачка од 4,4 литри на сто километри, но мошне привлечен избор претставува и штедливиот 1,0-литарски бензинец од генерацијата EcoBoost со 125 КС. Неговиот просек изнесува 5,4 литри бензин на сто километри. Моторот неодамна ја освои по четврти пат титулата на најдобар мотор во светот со зафатнина до еден литар. Обата мотора се комбинирани со петстепен мануелен менувач. За купувачите што сакаат поголем избор на менувачи се нуди и 1,5-литарски Ti-VCT со 112 КС, кој освен со мануелен менувач може да се комбинира со менувач со двојна спојка со шест степени.

[quote_box_left]Според Џо Бакај, шеф на развој на нови модели за Европа, „EcoSport првично беше развиен за примена на тешки терени и во екстремни климатски услови, но сега го приспособивме основниот модел во нашата понуда на спортски теренци посебо за европските барања.“[/quote_box_left]

Компактниот EcoSport е дел од моделската офанзива на Ford во сегментот на спортски теренци, заедно со популарната Kuga и новиот Edge, којшто како модел позициониран над Kuga и веќе присутен на пазарот во САД, се очекува да пристигне на европскиот пазар напролет.

Технички податоци · Ford EcoSport 1.0 EcoBoost

Мотор: Бензински, турбо, директно впрскување, варијабилна работа на брегасти вратила, 3 цилиндри, 12 вентили, моќност 125 КС при 6000/min, вртежен момент 170 Nm при 1400/min Погон и пренос: Погон напред, мануелен менувач со 5 степени Димензии и тежини: ДхШхВ 4011х1765х1665 mm, меѓуоскино растојание 2519 mm, багажник 310-375/1238 литри, круг на вртење 10,6 m, гуми 205/60 R18 92H, резервоар 52 литри, празно возило 1350 kg, дозволена тежина 1715 kg Перформанси: Крајна брзина 180 km/h, 0-100 km/h за 12,7 s, 50-100 km/h во IV. степен за 12,8 s Потрошувачка (град/пат/просек): 6,6/4,7/5,3 l/100 km

Сериска опременост за европски пазар во ниво Titanium

Автоматски клима уред, алуминиумски бандажи од 16 инчи, фиока под совозачко седиште, радио со дисплеј во средишна конзола, приклучок USB, лакирани ретровизори со електрично местење и вградени трепкачи, патен компјутер, шини на покрив сребрени, аларм, возачко седиште со висинско и слабинско местење, со потпирач за рака, електрика на предни прозорци со автоматика за возачки прозорец, стартување на копче, централна брава со далечинска команда, 6 воздушни перници, кожа на волан и на менувач, висинско и длабинско местење на столб на управувач, магленки Цена: 19.790 евра (за германски пазар) Цена во ниво Trend: 17.990 евра

EcoSport_39

Претходна објаваВодородната Toyota со рекорд за најдолго возење без грам СО2
Следна објаваАмериканските власти ќе го казнуваат Fiat поради премолчани дефекти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here