Заплена на возило во Италија, забрана за возење во Франција: Сообраќајни казни во Европа

Италија

Возач што при контролата има преку 1,5 промили алкохол во крвта, покрај тоа што ќе плати висока парична казна, ќе мора и да се збогува со својот автомобил, којшто се запленува од властите, во случај прекршителот да е сопственик на автомобилот. Во летниот период, којшто во Италија се смета до 14-ти октомври, забрането е на возилото да се користат зимски гуми. Возачите почетници не смеат да возат побрзо од 100 километри на час на автопат во првите три години.

Данска

Данците исто така ќе го одземат автомобилот, ќе го запленат и отуѓат, доколку возачот има повеќе од 2,0 промили алкохол при контролата.

Франција

Алко-тестерот не е задолжителен, но возачот не се казнува во случај да не поседува тестер. При прекумерна брзина следува момемтно изречување на забрана за управување на возило. Во тој случај, возењето може да го продолжи совозачот. Посебни правила постојат и за семафорите. Црвен знак во форма на крст од задната страна на семафорот за спротивната лента покажува дека семафорот е на црвено. Доколку на семафорот од сопствената страна се вклучи зелено, во тој случај е дозволено вртење влево, но пешаците имаат предимство.

Хрватска

Сообраќајните незгоди секогаш мора да се пријават во полиција. Возилата што се видно оштетени смеат да ја напуштат државата единствено со полициски записник за материјална штета.

Австрија

Кога при сообраќајна незгода со материјална штета ќе се повика полицијата, иако учесниците во судирот можат меѓусебно да ги разменат нивните податоци, мора да се плати „данок за сино ротациско светло“, односно такса за пријава на незгода, во висина од 36 евра.

Швајцарија

Сообраќајните прекршоци, особено пречекорувањето на брзинското ограничување, се санкционираат со драстични казни. Доколку брзината во зона со дозволени 30 километри на час се пречекори со повеќе од 40 километри на час или на автопат се вози со брзина повисока за 80 километри на час од дозволената, следува изречување затворска казна во траење од најмалку една година. Дозволената брзина на автопатиштата изнесува 120 километри на час.

Словенија

При изречување на парична казна, истата треба да се подмири неодложно. Во спротивно, на странците им се одземаат патните документи и возилото, а може да следува и полициски притвор. Внимавајте на правилото дека мора задолжително да запрете веќе при вклучување на жолтото светло на семафор.

Унгарија

При плаќање на патарината на автопат (електронска вињета) се заведуваат регистерските ознаки на возилото. На продажните места често се случува да бидат погрешени ознаките. Поради тоа, белешката треба да се провери веднаш, пред да се потпише. Рекламациите се скапи, а при погрешно заведување на регистерската ознака може да следува парична казна во висина до 140 евра.

Претходна објаваСпот на Mercedes за автономното возење: Baby you can drive my car
Следна објаваЛегендарниот Morgan 3 Wheeler во изведба со погон на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here