за

Спот на Mercedes за автономното возење: Baby you can drive my car

Марката со ѕвездата се подготвува за следната автомобилска ера, за возењето без возач. Спотот на Mercedes на хумористичен начин открива како ќе игледа блиската иднина на автомобилското искуство.

Mercedes стартуваше со кампања за визијата на возењето без возач, т.н. автономно возење. Марката ја прикажува иднината на мобилноста преку визионерската студија F015 Luxury in Motion и го покажува начинот на којшто автономното возење ќе влијае врз општеството. Пораката во кампањата поттикнува на размислување за времето како богатство. Најголем луксуз во модерното општество е да се има време. Автомобилот на иднината, при автономно возење се претвора во комфорна и луксузна дневна соба, со разновидни можности за интеракција. Според Mercedes, возилото се претвора во „Quality Time Machine“, којашто на луѓето им го враќа времето во денешниот брз свет.

https://www.youtube.com/watch?v=H0jJAPvN2uI

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600 коњски сили за 50-годишнината на BMW Alpina

Заплена на возило во Италија, забрана за возење во Франција: Сообраќајни казни во Европа