Автомобилот за папата досега го испорачуваше Mercedes. Папата Франциско сепак преферира поевтини автомобили и од неодамна користи посебно преработен Hyundai Santa Fe како папамобил.
Папата се одликува со скромност и тоа го знае цел свет. Според него, луксузните автомобили не им припегаат на свештените лица. При посетата на Турција, папата Франциско одби да се качи во блиндиран Volkswagen Passat и место тоа крстосуваше низ Истанбул во локално произведениот Renault Symbol. Скромноста на папата сега го зафати и папамобилот. Досегашниот Mercedes од класата G во специјална изработка за папата, заменет е со Hyundai Santa Fe. На неделната миса на плоштадот Свети Петар, папата Франциско се појави во уникатен кабриолет изработен врз база на корејскиот теренец.

















