Volkswagen стартува со продажба на хибридниот Passat

Изведбата со хибриден погон на Passat минува до 50 километри на струја и според македонските цени тоа би чинело само 27 денари. „Мал“ проблем може да биде цената на автомобилот од 45.000 евра.

Volkswagen започна со нарачки за новиот Passat GTE, понуден во лимузинска и комби изведба. Тој е веќе втор модел на Германците со хибриден погон и кратенка GTE, откако во минатата година стартуваше продажбата на Golf со „две срца“. Погонот го сочинуваат 1,4-литарски бензинец со турбонатполнење и директно впрскување со 156 КС и електромотор со моќност од 115 КС, кои заедно даваат системска моќност од 219 КС. Максималниот вртежен момент изнесува 400 њутнметри, а крајната брзина што ја постигнува големата лимузина е 225 километри на час.

Полнењето трае 4:15 часови на домашен приклучок, односно 2:30 часови на брз приклучок. Потоа има струја за 50 километри
Полнењето трае 4:15 часови на домашен приклучок, односно 2:30 часови на брз приклучок. Потоа има струја за 50 километри

Главниот ефект од заедничката работа на TSI и електромоторот е потрошувачката од 1,6 литар бензин на сто километри и автономијата до 50 километри со енергијата во литиум-јонските батерии. Според нормите за хибридни возила, потрошувачката се пресметува преку должината на патот што возилото ја минува само со погон на струја и количината на гориво што ќе се потроши во преостанатиот пат до 100 километри. Во конкретниов случај, Passat GTE ги вози првите 50 километри на батерии претходно наполнети до 100%, а останатите 50 километри со комбинирана работа на бензинецот и електромоторот, за што ќе бидат потрошени 1,6 литар бензин според фабричките податоци. Математиката натаму се менува драстично, но тоа е веќе посебна проблематика.

[pull_quote_left]137 денари за струја наспроти 855 денари за дизел!
Брза математика: Ако за полнењето на батериите се потрошат 9,8 киловатчасови струја, по цена од 2,8 денари за kWh по евтина тарифа, во случај Passat GTE да се вози секој ден по 50 километри, за пет денови или една работна седмица ќе треба да се плати трошок за струја во висина од само 136,85 денари. За споредба, за дизел со реална потрошувачка од шест литри, за истите 250 километри ќе треба да се плати 855 денари. За 40 работни седмици во една година, тоа значи заштеда од околу 29.000 денари – само за возење до работа и назад и вообичаени тури низ градот, не земајќи ја во предвид заштедата од хибридниот погон при патување на подолги релации.[/pull_quote_left]

Најважен е сепак досегот од 50 километри со погон само на струја, што е сосема доволно за секојдневната тура. Тоа, во принцип, би значело дека сопственикот може со денови да не потроши ниту грам бензин и да го користи Passat GTE практично како електричен автомобил, сé додека не треба да се направи подолго патување – без полначи на секои 50 километри.

Хибридниот Passat однадвор се препознава по диодните дневни светла во форма на C, како и по сината лајсна во предната маска што завлегува и во светлата. Типично за хибридниот погон, во таблата со инструменти се наоѓа мерач на моќ, додека големиот дисплеј во средишната конзола ги прикажува релевантните податоци и графики за работата на погонот. Со посебна доплата, преку мобилната апликација Car-Net e-Remote може да се активира полнењето на батериите, да се вклучи климатизацијата во кабината – којашто секако ја користи енергијата во батериите – како и да се побара локацијата на којашто е паркирано возилото.

Volkswagen стартуваше со нарачки за Passat GTE кај германските дилери на марката, со цена од 45.250 евра за лимузината и 44.250 евра за комбито Variant. Интересно е тоа што хибридните автомобили веќе со години се ослободени од плаќање акциза на македонскиот пазар, но увозниците ретко се решаваат да инвестираат во маркетинг или каков било ангажман околу промоцијата на погонот што е веќе трет „стандарден мотор“, покрај бензинските и дизелските мотори.

Тежината на Passat GTE според нормите на EU изнесува 1.735 килограми, вклучувајќи возач со тежина од 75 килограми и полн резервоар
Тежината на Passat GTE според нормите на EU изнесува 1.735 килограми, вклучувајќи возач со тежина од 75 килограми и полн резервоар

Претходна објаваАвтомобилите се претвораат во прибор за паметните телефони?
Следна објаваНовата серија 7 на BMW дебитираше случајно … на конфигуратор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here