за

Новата серија 7 на BMW дебитираше случајно … на конфигуратор

Првата „фабричка фотографија“ од новата серија 7, појзвена случајно на конфигураторот на марката, само во ниска резолуција

Нови фотографии од најзначајниот новитет на BMW за годинава се немаа појавено цел месец. Затоа, пак, сега следуваат фотографии од конечниот изглед што случајно се појавија на конфигураторот на BMW.

Половината од деталите за новиот знаменосец на Баварците се познати, а останатата половина, веројатно уште повеќе спектакуларна, ќе биде позната при премиерата на моделот во среда, на 10-ти јуни, а потоа и на дебито на салонот во Франкфурт, во септември. Но, конечниот изглед на новата серија 7 на BMW по грешка се појави на конфигураторот на марката, заедно со цените на моделите и на дополнителната опрема. Изгледот на каросеријата не претставува изненадување и претставува умерена еволуција на стилот што BMW го негува со децении – со кус и неславен прекин во времето на Крис Бенгл. Ова сепак се првите фабрички фотографии, иако со лош квалитет.

Со аеродинамичниот пакет од M GmbH се нагласуваат спортските црти на новиот знаменосец
Со аеродинамичниот пакет од M GmbH се нагласуваат спортските црти на новиот знаменосец

За новата „седумка“ ќе стојат на располагање вкупно 13 бои на каросеријата, не сметајќи ги можностите за нарачка на посебна боја во BMW Individual, како и бандажи со пречник од 17 до 20 инчи. За спортскиот пакет М ќе треба да се доплати 5.800 евра, комплет системи за асистенција ќе чини 3.200 евра, додека за хромирани детали на каросеријата ќе бидат потребни уште 900 евра. Телевизиски прием чини 1.300 евра, вграден телефон нешто помалку од 850 евра. Алкантара се добива за 1.440 евра, диодни предни светла за 1.800 евра. За посебна комоција на задната клупа, со можност за легнување на потпирачот за грб, се доплаќа околу 2.200 евра.

Знаменосецот е полесен за 130 килограми од актуелната генерација, благодарение на примената на лесни материјали. Понудата од модели во почетокот ќе ја сочинуваат BMW 730d со 265 КС, исто така во верзија со погон на сите тркала, BMW 740i со 326 КС и BMW 750i xDrive со 450 КС.

Погледнете ги деталите во следната галерија на слики со ниска резолуција, поради преземањето од конфигураторот на BMW.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen стартува со продажба на хибридниот Passat

Вака изгледа кога 20 автомобили Audi ќе пропаднат низ таван