Jaguar Land Rover ќе гради нова фабрика во Полска

Еден од моделите што ќе се произведуваат во новата фабрика во Словачка ќе биде наследникот на Defender

Престижните британски марки ќе мораат да преселат дел од продукцијата надвор од земјата. Трите погони на Jaguar и Land Rover работат со полни капацитет, нови фабрики мора да се градат.

Полска и Унгарија се најсигурни кандидатки за новата фабрика што групацијата Jaguar Land Rover ќе ја гради за производство на идната генерација на Defender. Новата фабрика ќе послужи и за надминување на тесното грло во производството на Range Rover Sport, чијашто продажба далеку ги надминува очекувањата. Доколку и првиот теренец на Jaguar, базиран на моделот XE и со моделско име F-Pace, наиде исто така на голем интерес на пазарот, новата фабрика во Источна Европа може да преземе дел и од неговата продукција.

Мора да се најде место за кросоверот на Jaguar, капацитетите во Британија одвај ја задоволуваат побарувачката
Мора да се најде место за кросоверот на Jaguar, капацитетите во Британија одвај ја задоволуваат побарувачката

Британските марки со индиски капитал го стеснија изборот на две локации. Унгарскиот Гјор е интересен поради непосредната близина до мрежата од добавувачи на Audi. Не се посочува која локација би била избрана во Полска. Британските фабрики на Jaguar Land Rover во моментов работат со полн капацитет. Evoque и Discovery Sport се произведуваат во Хејлвуд, новите XF и F-Pace ќе излегуваат од фабриката во Касл Брумвич, додека Солихал е задолжен за Range Rover, Range Rover Sport и за новиот Jaguar XE. За претстојниот старт на производството на Land Rover Discovery 5 и новиот модел на Range Rover нема доволно капацитети во британските фабрики. Заради зачувување на традицијата, Range Rover мора да остане во земјата, што значи дека Discovery 5 ќе се сели во Полска или Унгарија.

Британците ќе мораат да се откажат од гордоста на локалното производство

Jaguar Land Rover размислува дел од продукцијата во Хејлвуд да ја пресели во австрискиот Грац, во фабриката на Magna. Најголема е веројатноста во фабриката да се произведува Discovery Sport, исто како и идниот компактен кросовер на Jaguar, врз платформа од Evoque. Компанијата веќе има отворено капацитети во Кина, а се размислува за изградба на нова фабрика и во Мексико. Британците се приклучуваат побавно на трендот на глобализација на производството, иако германските или јапонските конкуренти веќе со децении се масовно присутни во глобалната производствена мрежа. Локалните аналитичари очекуваат дека веста за планираното преселување на голем дел од производството на Jaguar Land Rover може да влијае врз претстојниот британски референдум за членство во ЕУ.

 

Претходна објаваГлавниот инженер на Opel Astra депортиран во Азија
Следна објаваБританците не смеат да користат таблички ORG45M, но BLO3 JOB може

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here