Секоја година властите во Британија издаваат список на регистерски ознаки што не смеат да се користат, поради навредливост или вулгарност. VA61ANA и BLO3 JOB се пример за такви ознаки.
Службите за регистрација на моторни возила во Британија го издадоа новиот список на забранети ознаки за регистарски таблички, од чијашто порака или содржина би можеле да се навредат останатите возачи или учесници во сообраќајот. Ознаките што не смеат да се користат за оваа година се обновени со P15 OFF, PR15 SON, PU15 SSY, SH15 TTY, UP15 BUM и WA15 TED, но затоа се дозволени за користење ознаките PEN15 и ORG45M. На списокот на забрани се и VA61ANA и BL03 JOB, заедно со бројни религиозни референци во смисла на JE55US или AL14LAH.
Лани државата обезбедила 105 милиони фунти од продажбата и наддавањето на индивидуални регистерски таблички. Во минатата недела регистерската ознака KR15HNA достигна вредност од 223.000 фунти на наддавањето. Рекордот го држи табличката 25 O, којашто лани во ноември ја купи Џон Колинс, дилер на стари модели на Ferrari, за 518.000 фунти.
Во 2006 година Британците се соочија со сериозни протести откако службите за регистрација дозволија да се користат таблички со ознака H8 GAY. Дека островјаните уживаат да се шегуваат и провоцираат со сокриените и не толку сокриените пораки во табличките покажа водителската легенда Џереми Кларксон, појавувајќи се со Porsche со регистерски ознаки H982 FKL во Аргентина, коишто народот „ги прочита“ како верна референца за Фокландската војна.
















