Практиканти во Volkswagen го создадоа овој Golf со 395 КС

Образованието во Германија очигледно функционира беспрекорно. Тринаесетмина практиканти тјунираа Volkswagen Golf којшто во моментов е меѓу главните атракции на собирот покрај езерото Вертер во Австрија. Тоа е нивното екстерно.

Тие го следеа „повикот на езерото“. Тринаесетмина практиканти на Volkswagen од Волфсбург пристигнаа на традиционалниот собир на GTI покрај езерото Вертер во Австрија, за на неговото 34-то издание да го прикажат премиерно својот Golf GTI Dark Shine со 395 КС. Предниот дел од возилото е лакиран во „дајтона сива металик“, додека опашот е во уникатната Р-жолта боја со бисерен ефект, па оттаму доаѓа и „DarkShine“ во името.

Dark Shine е осмо возило што практикантите во VW го имаат подготвено за „ГТИ-Трефен“

Од првите скици до премиерата во Рајфниц пред околу 150.000 фанови на GTI, двајца автолакери, четворица тапетари, четворица автомехатроничари, еден претставник за медиумите и по еден процесен механичар за пластика и каучук, самостојно го испланираа секој чекор и разменуваа идеи, со цел да го покажат најдоброто што го знаат и што го научиле за време на тјунирањето на овој Golf.

Целото возило е лакирано рачно, повеќепати е брусено фино и вредно полирано, со цел да се постигне совршениот изглед на лакот.
Целото возило е лакирано рачно, повеќепати е брусено фино и вредно полирано, со цел да се постигне совршениот изглед на лакот.

Техничарките и техничарите на возраст меѓу 17 и 25 години работеа на изгледот и техниката на возилото во минатите девет месеци, користејќи гола каросерија од Golf GTI Performance испорачана од Volkswagen. Дволитарскиот мотор TSI сега ослободува 395 КС и постигнува вртежен момент од 487 њутнметри при 4.700 вртежи. Издувниот систем од благороден челик е заварен рачно, додаден е и Carbon-Airbox, посебно се модифицирани интеркулерот и контролната електроника на моторот и на менувачот со двојна спојка.

Кожените седишта од Recaro се лакирани во сиво, односно во истиот тон како каросеријата, со титански црна алкантара во средината на седиштата и во впечатлив контраст со жолтите натписи GTI и штеповите. Воланот исто така е обложен со алкантара, а ознаката за „12-часот“, штеповите и пречките се лакирани во Р-жолта боја, исто како и украсните лајсни околу инструментите и самите стрелки во инструментите.

Уникатниот Dark Shine не се продава, останува во сопственост на VW

Доработката продолжува со врвно озвучување од 3,5 киловати, со осум звучници во кабината и три сабвуфери во багажникот. Средната кутија за длабок бас е осветлена со светлечки диоди и делумно е застаклена, а во истиот стил е изведен и засилувачот, којшто е вграден во подот на багажникот. Со системот се ракува преку таблет. Golf GTI Dark Shine е осмиот „практикантски GTI“ што доживува премиера во Рајфниц.

Претходна објаваТунелите не му се совладани на овој рели возач на Opel
Следна објаваХипимобилот се престори во тркачки болид со 530 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here