Volkswagen ќе инвестира 4,2 милијарди евра во Шпанија

Германскиот гигант ќе инвестира 4,2 милијарди евра во фабриките и моделите на шпанската марка во следните четири години, што претставува најголема единечна инвестиција во индустријата во земјата.

Групацијата Volkswagen и нејзината шпанска марка Seat денес ја најавија најголемата единечна инвестиција во индустријата во Шпанија. Со инвестиција од 4,2 милијарди евра до 2019 година, како историски рекорд во шпанската индустрија, Volkswagen уште еднаш ја потврдува улогата на главен поттикнувач на економијата во земјата. Со тоа се гарантира иднината на фабриките на Volkswagen во Шпанија, коишто се подготвуваат за воведување нови модели на производствените линии. Паралелно се поттикнува и ангажманот на добавувачите за фабриките на Seat во Марторел и на Volkswagen во Навара, како натамошен „драјвер“ за економијата во земјата.

Дури 13 компании на Volkswagen се присутни во Шпанија

Групацијата Volkswagen вработува преку 22.000 лица во непрегледното мноштво на сопствени компании во Шпанија: SEAT, Volkswagen Navarra, Volkswagen-Audi Spain, Volkswagen Financial Services, Volkswagen Group Retail Spain, Porsche Iberica, MAN Truck & Bus, MAN Finance, MAN Diesel & Turbo, Scania Iberica, Scania Finance, Italdesign Giugiaro Barcelona и Audi Tooling Barcelona. Во минатата година, овие компании постигнаа промет од 13,8 милијарди евра, што претставува 1,3 проценти од бруто националниот производ на Шпанија.

Продажбата на возила од групацијата Volkswagen на шпанскиот пазар во минатата година достигна 216.250 примероци, од кои преку 200.000 се патнички автомобили. Според тоа, секое четврто новорегистрирано возило во земјата лани носело знак на една од марките на Volkswagen. Производството на возила, пак, лани достигнало 748.400 примероци, што претставува зголемување од 13,1 проценти во споредба со предминатата година. Секое трето возило произведено во Шпанија е од марките на групацијата.

Град во град: Фабричкиот комплекс на Seat во Марторел, близу Барцелона
Град во град: Фабричкиот комплекс на Seat во Марторел, близу Барцелона

Претходна објаваSeat Ibiza: Втор фејслифт за шпанското Polo
Следна објаваPeugeot повторно ќе произведува автомобили во Иран

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here