за

Peugeot повторно ќе произведува автомобили во Иран

Peugeot 206 Sedan: Ќе имаме ли повторно возила од Peugeot на македонскиот пазар коишто се произведени во Иран?

Францускиот производител планира да ја обнови соработката со партнерот Iran Khodro и повторно да произведува автомобили во земјата, доколку наскоро се укинат санкциите врз Исламската Република.

Според шефот на француската марка, Максим Пика, Peugeot води интензивни преговори со иранскиот производител Iran Khodro, за формирање заедничко претпријатие што ќе произведува автомобили во земјата. Преостанува уште да се утврди почетокот кога би почнала со работа фабриката во Иран. Пика: „Размислуваме да лансираме заедничко претпријатие со Khodro, коешто ќе го покрива целиот спектар на активности, од развој до производство, па дури и продажба и дистрибуција на резервни делови.“

Замачкување очи заради продажба на сопствените модели во Иран или чесна намера за соработка?

Иран и светските сили во минатиот месец постигнаа спогодба околу иранската нуклеарна програма, што би претставувало краен чекор во деценискиот процес на конфронтации и закани. Пика очекува спогодбата да биде потпишана во јуни, кога може да се очекува и укинување на санкциите. Peugeot планира во почетокот да извезува модели од повисоките класи на пазарот во Иран, заради зајакнување на имиџот на француската марка во земјата. Потоа би следело и локално производство на автомобили во земјата. Гласините дека Французите ќе произведуваат во Иран секако ќе предизвикаат засилен интерес за купување на возила од марката во земјата, но народот сепак ќе очекува и нови модели од локално производство. Peugeot 206 Sedan, на времето популарен модел на француската марка на пазарот во Македонија е еден од автомобилите се произведуваа во Иран.

peugeot 206 sedan
Дали ова е само очаен чекор на француската марка да најде нов поттик на продажбата, поради слабите резултати на Peugeot на европскиот пазар?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ќе инвестира 4,2 милијарди евра во Шпанија

Каков избор на користено возило е Alfa Romeo Mito?