Европејците повторно во автомобилска манија: Пораст во продажбата од 8,6%

Продажбата на нови автомобили во ЕУ во првите три месеци од годинава достигна 3,5 милиони возила, што претставува драстично зголемување во споредба со првиот квартал лани.

На граѓаните на ЕУ им се враќа „расположението“ за купување автомобил. Во првиот квартал од годинава, производителите испорачале 3,5 милиони возила, што претставува зголемување од 8,6 проценти. Во следните месеци може да се очекува уште поголем пораст, имајќи во предвид дека само во март, продажбата забележа плус од 10,6 проценти. Веќе деветнаесет месеци, продажбата во ЕУ расте постојано во споредба со претходниот месец.

Шпанскиот пазар порасна драстично поради државните субвенции

Сите поголеми пазари на автомобили во ЕУ учествуваа во порастот во првите три месеци од 2015 година. Мартовската продажба во Шпанија е поголема за 40,5 проценти во споредба со ланскиот март, додека на ниво на квартал, порастот изнесува 32,2 проценти. Следат Италија со 15,1 проценти (13,5 проценти за квартал), Франција со 9,3 (6,9), Германија со девет (6,4) и Велика Британија со шест проценти (6,8 %).

[quote_box_right]Главните причини за позитивниот тренд се економското закрепнување на некогашните кризни пазари, особено Шпанија, Португалија и Ирска, како и растечката куповна сила во Европа, поради ниската инфлација и ниската цена на нафтата.[/quote_box_right]

Наспроти тоа, продажбата во Македонија и натаму ја отсликува реалната економска ситуација. Според последните официјални податоци за јануари, македонските дилери продале 259 автомобили и доставни возила. Водечки модел во јануари е Hyundai ix35 со 18 примероци, следи Skoda Rapid со 17 примероци, пред Ford Focus, Volkswagen Golf и Citroen C4. Меѓу првите десет се пласираа и Fiat Linea и Citroen C3.

За споредба, српскиот пазар во јануари регистрирал 1.160 патнички автомобили и доставни возила. Водечки марки кај нашиот северен сосед се Skoda со 236 продадени возила, Fiat (98),  Dacia (73), Opel (66) и Ford со 64 возила.

Претходна објаваБројка на денот: Преку 2.600 електрични автомобили на BMW за еден месец
Следна објаваПремиера на Volkswagen T6 во Амстердам

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here