Обновената генерација на Transit се погрижи Ford да ја зацврсти позицијата на најпродавана марка товарни возила во првите три месеци и да го постигне најголемото пазарно учество во последните 20 години.
Ford е најпродавана марка товарни возила во Европа за првиот квартал од годинава. Со продадени 70.646 возила на 20-те најголеми пазари во Европа, марката постигна зголемување од 42,4 проценти во споредба со ланскиот период, а соодветно се зголеми и пазарното учество на 13,3 проценти. Успехот се должи на обновената генерација на четиричленото семејство Transit. За само три години, новите модели успеаја да ја донесат марката од седмото на првото место.
Покрај моделите Transit, Transit Custom, Transit Connect и Transit Courier, солидни бројки постигна и пикапот Ford Ranger, како најпродаван модел во сегментот, со 6.578 примероци.
















