Opel Corsa: Еден нов мотор и поскапа за 2.500 евра? Не, благодарам!

Opel очекуваше дека ќе постигне успех со старо-новата Corsa. Но, купувачите ја открија суштината на лошата ценовна политика за спасување на марката од длабоката криза

Добрите цени очигледно не се повеќе одлика на марката Opel. Новите светла ја поскапеа Corsa за 2.500 евра. Последен пат моделот се продаваше за 8.900 евра, вклучувајќи и многу побогата опрема.

Што се случува во Opel? Марката ја најавуваше новата Corsa како револуционерен модел што ќе постави нови стандарди во класата, за на крајот да се утврди дека станува збор само за обична шминка, без какви било радикални зафати во техниката. Секако дека не е случајност што „новата“ Corsa не успеа да се кандидира ниту меѓу моделите за избор на автомобил на годината во Европа. Експертите не можат да се измамат.

Додека конкурентите развиваат комплетно нова технологија и олеснуваат стотина килограми, Opel реши дека е доволна шминка и еден нов мотор - кој е преку 2.000 евра поскап од основниот со 70 КС
Додека конкурентите развиваат комплетно нова технологија и олеснуваат за стотина килограми – притоа задржувајќи ја цената! – Opel реши дека е доволна шминка и еден нов мотор – кој е преку 2.000 евра поскап од основниот со 70 КС

Со единствениот нов мотор, трицилиндарскиот 1.0 Ecotec со 90 КС, Corsa чини дури 12.357 евра!

Единствениот новитет во техниката е бензинскиот мотор со три цилиндри и зафатнина од 1,0 литар, којшто во послабата верзија со 90 КС и со најосновното ниво на опрема чини 12.357 евра, односно дури 2.126 евра повеќе од „најдостапната“ изведба на Corsa. Можеби фактот дека станува збор само за фејслифт ќе можеше да се прифати полесно доколку цените на Corsa останеа исти како со периодот пред фејслифтот, кога малечкиот Opel беше достапен за 8.900 евра. Како е можно комплетно новата Skoda Fabia да чини 9.150 евра, иако во неа е обновена и последната завртка, или Renault Clio со мотор со 75 КС и богата опременост во нивото Expression да чини 9.999 евра. Дури и Volkswagen Polo и Ford Fiesta се достапни за пониска цена!

Ова самоволно пазарно однесување на Opel несомнено ќе биде казнето од купувачите и при прегледот на „содржината“ на Corsa. За 10.231 евро, колку што чини најевтиниот Opel, не се добива ниту клима уред, ниту наједноставно радио или толку основни работи како поделена задна клупа – коишто беа вклучени во опремата модел пред фејслифтот, заедно со уште неколку важни ставки од опремата. Сé што Opel спомнува во промоцијата на моделот чини дополнителни пари или е достапно само во повисоките нивоа на опрема и со поскапите мотори. Но, не само тоа, туку отсуствуваат и суштинските ставки што се подразбираат во опремата на секој денешен автомобил. Мал пример колку би чинело додавањето на овие ставки:

Што сé недостига во „новата“ Opel Corsa

  • Поделена задна клупа
90
  • Резервна гума во полна големина
40
  • Заштитен механизам на контакт брава
30
  • Пепелник
7
  • Држач за ситни предмети
20
  • Држачи за чаша
40
  • Преграда во подот на багажникот
30
  • Местење на возачко седиште
40
  • Плафониера напред (со микрофон за телефон)
40
  • Команди за радио на волан
30
  • Патен компјутер
90
  • Диодни дневни светла
100
  • Грејачи во ретровизори
60
  • Патосници
40
Вкупна цена на ставките што недостигаат  657 евра

 

Дури 657 евра треба да се доплатат за Opel Corsa да стане автомобил на рамниште со конкурентите и во чекор со времето! Притоа не се добива ништо дополнително, од типот на клима-уред, радио или магленки, туку Corsa и натаму останува „гол“ автомобил. Контролата на притисокот во гумите и контролата на стабилноста не се никакво „екстра“, овие ставки во опремата се задолжителни за вградување кај секој европски автомобил, без разлика на големината. Настрана фактот што рачките на вратите остануваат нелакирани, исто како и преминот меѓу страничните прозорци, когошто Opel го лакира со дополнителен црн слој лак единствено во поскапите изведби на моделот. Според тоа, најевината Corsa не чини 10.231 евро, туку точно 11.000 евра.

Тоа што Opel го прикажува на сликите е далеку од реалноста. Вистинската Corsa чини далеку над 15.000 евра, односно исто колку пристојна Astra
Тоа што Opel го прикажува на сликите е далеку од реалноста. Вистинската Corsa чини далеку над 15.000 евра, односно исто колку пристојна Astra

Реалната Corsa чини колку пристоен компакт

Колку тогаш би чинела Corsa каква што Opel ја објавува и со вистинските новитети што ги носи квази-новата генерација, со мотор 1.0 со 115 КС и автоматски старт-стоп, во најопремената изведба Cosmo? Металик лакот за каросеријата чини 351 евро, носач за велосипед FlexFix 552 евра, електричен сончев покрив 652 евра, задна камера 351 евро, магленки 120 евра, спортско подвозје 134 евра, радио со интегриран дисплеј 491 евро, автоматска клима 993 евра, паркинг сензори 241 евро … вкупно 18.986 евра!

Нема двоумење дека нов Opel не се купува во првите две-три години по продажниот старт. Реалната вредност на марката со молња во маската е непосредно пред пристигањето на модел од следната генерација. Моментно, многу подобар и поразумен избор е Astra, чијшто наследник ќе биде претставен наесен на салонот во Франкфурт. Но, со цената од 15.000 евра за најевтиниот модел, и за тоа ќе треба да се почека.

Претходна објаваШеснаесет работи што мора да се знаат за Land Rover Defender
Следна објаваЊујорк 2015: Lexus RX со хибриден погон со 300 КС

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here