Lincoln Continental ќе биде најлуксузниот американски автомобил – повторно

Новата генерација на Lincoln Continental ќе стартува со продажба в година. Луксузната марка на Ford и службено возило на американските претседатели сака да го врати поранешниот сјај со новиот модел.

Марката Lincoln постои, но исто како да не постои. Ако се има в предвид што таа претставувала во историјата, во моментов марката Lincoln е само сенка на самата себе. Од некогашен главен снабдувач на возниот парк на Белата Куќа, таа се претвори во марка чиишто модели се позиционираат на исто рамниште со другите автомобили во класата. Американците планираат да го завршат тоа поглавје и да ја вратат марката на некогашните позиции.

Новиот шеф Филдс нема да ја запостави луксузната марка во портфолиото на Ford

Ford го најави почетокот на продажбата на новиот Continental за в година. Проблемот долго време произлегуваше од шефот Ален Мулали, којшто не сакаше да се занимава со луксузната марка. Lincoln со години произведуваше само загуби и тоа му одеше во прилог на Мулали. Но, сега Марк Филдс го води кормилото на Ford и тој пристапува многу посериозно на оваа тематика. За неколку денови пред публиката на салонот во Њујорк ќе биде претставен новиот Lincoln Continental, прво преку концептен автомобил, но мошне близок до идниот сериски модел.

lincoln continental concept 220150331 Засега има само малку технички детали. Под хаубата работи шестцилиндарски мотор од генерацијата EcoBoost со зафатнина од три литри и турбонатполнење, каросеријата лежи на бандажи од 21 инч и во внатрешноста буквално врие од луксуз, меѓу другото со фотелји одзади што се дотеруваат во 30 правци. Електромотори работат на сите места во кабината каде што нешто треба да се помести или придвижи и сé е обложено со кожа.

Техничките играрии, како камера во 360 степени, самостојно запирање при опасност или најновите радарски технологии се задолжителни во лимузина од овој ранг. Директните конкуренти доаѓаат од марката Bentley или се викаат Audi A8. Браншата очекува пазарот на возила од високата класа да достигне два милиона примероци до 2020 година. Најголемиот раст во сегментот сепак се очекува да дојде од кинескиот пазар.

Претходна објаваBentley најавува екстремен спортски модел за 2016 година
Следна објаваRange Rover SVAutobiography нуди опција за седење на тераса

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here