Роботскиот астронаут Kirobo, развиен во соработка на Toyota со неколку универзитети и компании се впиша двапати во Гинисовата книга. Тој е прв робот придружник во вселената и на 7-ми декември 2013 го водеше највисокиот разговор, на 414,2 километри висина.
Kirobo пристигна во меѓународната вселенска станица ISS на 9-ти август 2013 и таму помина 18 месеци. Тој го водеше првиот вонземски разговор меѓу робот и човек, астронаутот Коичи Ваката. Целта на проектот беше да се утврди иднината на соработката меѓу роботот со човекот. Роботот слета во Пацифичкиот Океан на 10-ти февруари во близина на Калифорнија. Како роботски коментар по неговото враќање во Јапонија на 12-ти март, Kirobo поднесе извештај: „Гледано од горе, земјата свети како сина диодна светилка.“
На последниот состанок во Националниот музеј за развој на наука и иновација во Токио, членовите на проектот поднесоа целосен извештај и ги прикажаа највпечатливите видеа од активностите на Kirobo на ISS. Седницата ја водеше Фуминоти Катаока, проект менаџер во групата за планирање на производи на корпорацијата Toyota. Kirobo се појави и на сцената, разговарајќи со членовите на тимот.
















