Женева 2015: Kia Sportspace е идното големо комби на Корејците

Kia претстави студија на комби од средната класа на салонот во Женева, којашто е мошне блиску до сериски модел и во иднина може да се придружи како втора каросериска изведба во гамата на Optima. Комбито со должина од 4,86 метри и висина од 1,43 метар е конципирано како комби со четири седишта и спортски карактер. Впечатлив е дизајнот на предните светла, исто како и на дводелната маска по чија што средина минува браникот, на трепкачите што стануваат воочливи при вклучување и на доминантниот заден дифузор. Отстрана се забележуваат ниските прагови, високата линија на појасот во комбинација со ниски прозорци и бандажите од 20 инчи.

Во внатрешноста се забележува доследната примена на кожа, карбон и алуминиум. Возачот може да ја конфигурира дигиталната табла со инструменти по потреба и желба, додека информацискиот дисплеј во средишната конзола располага и со „сплит-скрин“ режим на работа. Функцијата на класичен средишен ретровизор ја заменува дисплејот на задната камера. Во подот на багажникот се впуштени 28 ротирачки челични кугли, заради полесно товарање на тежок багаж или товар.

Под хаубата работи 1,7-литарскиот дизел од редовната понуда, со електричен погон на турбо компресорот под напон од 48 волти, заради посуверено избегнување на класичната „турбо-дупка“ и подобра реакција на турбината во сите услови на возење.

Претходна објаваЖенева 2015: Lotus Evora 400 е најбрзиот модел на Британците
Следна објаваЖенева 2015: Qoros 3 City SUV е новиот кросовер од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here