Германската марка Borgward се враќа во живот: Но, како?

На историската марка Borgward ѝ претстои камбек. Внукот на основачот на марката вчера најави премиера на нов модел на салонот во Женева. Но, автомобилите се наменети за Кина.

Од вчера, на списокот на најави за премиери на салонот во Женева има ново име: Borgward. Ова име им значи многу на познавачите на историјата, тоа е марка што во 1950-те и 1960-те години уживаше високо реноме на глобалната автомобилска сцена. Кристијан Боргвард, внук на основачот Карл Фридрих Боргвард, ја основаше фирмата во 2008 година и во март ќе го претстави новиот германски автомобил со знакот на Borgward во Женева.

Подолго време се шпекулираше околу повторното заживување на култната марка од германскиот град Дрезден, но сега веќе има и факти. Borgward не цели на европскиот пазар, туку на пазарот во Кина, кадешто автомобилите со печат „made in Germany“ особено се ценат.

Зад Кристијан Боргвард всушност стои четвртиот најголем производител на автомобили во Кина, компанијата Beiqi Foton, со огромен капитал. Кинеската компанија веќе има искуство со германските автомобили, произведувајќи ги под лиценца камионите на Mercedes и Isuzu, како и ванови на Toyota. Планот е до 2020 година Beiqi Foton да произведува по четири милиони автомобили годишно. Марката Borgward е дел од планот.

Borgward беше четврти најголем производител во Германија, по Volkswagen, Ford и Opel
Borgward беше четврти најголем производител во Германија, по Volkswagen, Ford и Opel

Карл Боргвард исто така го започна бизнисот со доставно возило со проста конструкција. Со три тркала и 2,2 КС, без менувач и спојка, овој камионет наречен „блицкарен“ носеше до 250 килограми. Интересно функционира стартувањето: Возачот го турка возилото додека стартува моторот и потоа скокнува на возачкото седиште. Подоцна следеше и усовршениот модел Goliath.

Borgward Isabella се произведе во вкупно 220.000 примероци и се продаваше во 130 земји

Пред почетокот на војната, Borgward ги откупи фабриките на марката Hansa-Lloyd, а подоцна започна и производството на патнички автомобили. Како прв модел по војната се појави Borgward Hansa 1500 од 1949 година. Автомобилот имаше рецолуционерна конструкција на каросеријата, со интегрирани крила и рамка од челични цевки. Со тоа се постигна повеќе простор во кабината.

Иновативната марка Borgward во најдобрите времиња се најде на четвртото место на најголеми производители на автомобили во Германија, зад Volkswagen, Ford и Opel. Дури и Mercedes заостануваше во техничката авангарда. Тие го претставија нивниот Mercedes 180 дури четири години по Borgward Hansa, со иста конструкција на каросеријата. Во тоа време Borgward веќе го претстави наследникот Isabella, најпознатиот модел на марката.

Елегантниот кабриолет беше воведен подоцна, заради поттик на продажбата
Елегантниот кабриолет беше воведен подоцна, заради поттикнување на продажбата

Овој автомобил од средната класа се проиведуваше од 1954 до 1961 година, како лимузина со две врати и како комби. Каросеријата беше самоносечка, а под хаубата работеше 1,5-литарски мотор со моќност меѓу 60 и 75 КС. Откако продажбата почна да се намалува во 1955 година, марката ги претстави новите каросериски изведби на купе и кабриолет. Вкупно се продадоа 220.000 примероци од Isabella, на преку 130 пазари во светот.

Проблемите почнаа во 1960 година, со опаѓањето во продажбата на Isabella во САД. Последен модел е лимузината со две врати Arabеlla, со богата опрема и мотор со 34 КС. Моделот беш замислен како конкурент на „бубата“ на Volkswagen, но честите дефекти го уништија имиџот. По финансиските проблеми следеше неуспешна санација и конечно преоѓање на фирмата под сопственост на Бремен. Боргвард не издржа, почина три години пред тоа.

Купето во моделската гама на Isabella е особено ценето на пазарот на олдтајмери
Купето во моделската гама на Isabella е особено ценето на пазарот на олдтајмери

Марката денес е заборавена и нема да биде едноставно да се врати нејзиното некогашно реноме. За најавената палета од пет модели не само што се потребни милијарди евра за развој, туку се потребни и големо искуство и располагање со соодветна технологија. Германците или Кинезите, сеедно, се решени на салонот во Женева да го претстават првиот автомобил од „новата“ марка Borgward.

Претходна објава„Новата“ Corsa не се докажа на тестовите: Заостатокот е огромен
Следна објаваКина го произведе првиот меѓуградски автобус со погон на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here