Колбасот со кари на Volkswagen ги претрка автомобилите

Во минатата година Volkswagen произведе 6,3 милиони колбаси со кари и 6,12 милиони автомобили од матичната марка

Автомобилите му одат одлично на германскиот гигант. Само едно нешто се произведува повеќе во Volkswagen – славните колбаси со кари за фабричката кантина и за супермаркетите.

Сопственото производство на колбаси со кари во Volkswagen и во минатата година го надмина глобалното производство на автомобили на марката. Матичната фабрика во Волфсбург произведе 7,8 милиони парчиња колбаси. Тоа претставува пораст од десет проценти во споредба со 2013 година. Најголемиот дел од произведените колбаси отпаѓа на славните колбаси со кари, односно точно 6,3 милиони парчиња. За споредба, марката Volkswagen во минатата година испорача 6,12 милиони возила низ светот.

Шефот на кујна во Volkswagen, Мартин Кордес по тој повод изјави: „Им благодарам на моите триесетина колеги во месарницата, коишто со својот ангажман го овозможија овој голем растеж.“ Volkswagen има сопствено производство на колбаси со кари и други видови месни продукти и освен во фабричките кантини и продавници ги нуди и во слободна продажба. На пакувањето дури пишува „Оригинален дел на Volkswagen“.

Претходна објаваФејслифт на BMW серија 1: Последната „единица“ со заден погон
Следна објаваFord GT е плашило за Ferrari: Историјата се повторува

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here