Tesla ги шокира акционерите: Добивка дури во 2020 година

Во минатата година Tesla беше миленик на берзата, но шефот Маск сега ги шокираше акционерите во фирмата. Тие ќе мораат да чекаат на добивка уште пет години.

Шефот на Tesla, Илон Маск, најави дека неговото претпријатие ќе влезе во зоната на добивка дури во 2020 година, откако годишната продажба на марката ќе достигне 500.000 електрични возила. Тој не ги наведе бројките од продажбата што ги очекува за претстојната година, веројатно поради слабата продажба во Кина. Купувачите во азиската земја стравуваат дека поставувањето на полнач за струја во нивните домови е премногу комплицирано, што ја ограничува продажбата на електричните возила. Поради погрешната процена, Маск ќе мора да ги коригира плановите. Наспроти тоа, продажбата во Европа и во САД се одвива одлично. Tesla во минатата година ја спушти продажната цел од 35.000 на 33.000 возила.

Најавата дека фирмата ќе влезе во зоната на добивка дури во 2020 година предизвика силен пад на вредноста на акциите. Пазарните аналитичари предвидуваа дека Tesla ќе почне да бележи профит веќе во 2017 или 2018 година. Илон Маск останува на целта да продава половина милион електрични возила во 2020 година, кога ќе започне производството на компактниот и поевтин Model 3. Цената на овој модел на пазарот во САД би изнесувала околу 35.000 долари, но затоа ќе мора да се доплаќа за голем дел од ставките коишто во поголемиот Model S следуваат како стандард.

Доколку продажбата на Model 3 ги надмине очекувањата и единствените производствени капацитети на Tesla Motors во калифорнискиот Фримонт станат недоволни, фирмата ќе гради фабрики во Европа и  Кина. Се размислува и за втора фабрика на Истокот на САД. Маск ги советуваше конкурентите да не подлегнуваат на предизвикот за намалување на инвестициите во развој на електрични возила поради ниската цена на нафтата.

Претходна објаваSmart пред суд поради реклама во Италија
Следна објаваKia со рекордна продукција во фабриката во Словачка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here