Mercedes ги повикува во сервис сите модели со 2,2-литарски дизел

Поради грешка во изработката и можност за протекување масло од моторот, Mercedes ги повикува на поправка во сервис сите модели со дизелскиот мотор OM651.

Марката со сребрената ѕвезда повикува во сервис повеќе модели на патнички и товарни автомобили во коишто е вграден 2,2-литарскиот дизел со фабричка ознака OM651. Само во Германија се работи за 114.000 возила произведени во периодот меѓу февруари и ноември минатата година. Можно е покана за сервис да добијат и сопствениците на возила произведени во 2008 година, во коишто OM651 е вграден како заменски мотор. Поради грешка во толеранцијата при изработката на семеринзите постои опасност од протекување масло од затегачот на синџирот. Семерингот ќе се замени во сервисните работилници на Mercedes, што ќе трае меѓу 1,5 и 2,5 часови. Овој мотор моментно се вградува во сериите А, В, C, E, S, ML, CLA, GLA и CLS, како и во вановите од класата V, Vito, Viano и Sprinter. За колку возила се работи на глобално ниво уште не е објавено.

Претходна објаваДетроит 2015: Nissan Titan со петлитарски дизел со 310 КС
Следна објаваАмериканците го избраа Volkswagen Golf за автомобил на годината

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here