По изборот за автомобил на годината во Европа и светски автомобил на годината, Golf го продолжува жнеењето титули со „Автомобил на годината во Северна Америка“.
Од воведувањето на новата моделска генерација во 2012 година, Volkswagen Golf освои преку 30 титули и награди за дизајн. Кралот на компактите сега се докажа и на изборот за „Северноамерикански автомобил на годината“ на салонот во Детроит. Решавачки за највисокото одликување во САД беа препознатливиот изглед, обемната палета од безбедносни и забавни системи, како и врвниот квалитет и постојаноста на вредноста.

Volkswagen последен пат ја освои титулата на „Северноамерикански автомобил на годината“ во 1999 година, со Beetle. Во 22-те години колку што постои овој избор, само пет европски производители на автомобили успеале да ја освојат престижната титула.
















