Volkswagen стана најголем производител на автомобили во светот

За првпат концернот Volkswagen се најде на првото место меѓу најголемите производители на автомобили. Најголема заслуга за тоа има зголемената продажба на марките Skoda и Audi.

Volkswagen го презеде првото место од Toyota како најголем производител на автомобили во светот во минатата година. Според првите неофицијални податоци, германскиот концерн лани продал вкупно 9,91 милиони автомобили и товарни возила. Зголемената продажба од пет проценти на ниво на концернот е заслуга првенствено на марките Audi и Skoda. Концернот Toyota, лидер во браншата во последните пет години, во ланските дванаесет месеци продаде 9,81 возила, што претставува зголемување од 2,3 проценти во споредба со 2013 година.

Со огромен заостаток, на третото место следи американскиот General Motors со 8,01 милиони возила (минус 0,2 проценти). Водечката десетка во светот ја комплетираат Renault-Nissan (7,94 милиони), Hyundai-Kia (7,55 милиони), Ford (5,91 милиони), FCA Fiat-Chrysler (4,55 милиони), Honda (4,45 милиони), PSA Peugeot Citroen (3,14 милиони) и Suzuki (2,9 милиони). Најголем кинески производител е SAIC (2,08 милиони) на дванаесеттото место, меѓу BMW (2,12 милиони) и Daimler (1,91 милион).

Претходна објаваПонизок напон за поевтини хибридни автомобили
Следна објаваВозилата на Chevrolet сами ќе пријавуваат кога не се во ред

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here