Пијан Германец сакал да наточи бензин во својот велосипед

На две тркала со 2,44 промили алкохол во крвта

Човек од германскиот Рендсбург се напил до таа мера што изумил каков превоз користи. На една бензинска станица се случила трагикомична ситуација откако тој имал намера да наточи бензин во неговиот велосипед.

Пијан 27-годишен Германец сакал да наточи гориво во својот велосипед на една бензинска станица во Рендсбург. Во новогодишното утро човекот почнал да се полева со бензин, што го забележала една минувачка и веднаш ја известила полицијата. Според полицискиот извештај, Германецот мислел дека полни гориво во својот автомобил. Службените лица заради заштита го ставиле лицето во притвор и извршиле тест на пијанство. Тестот покажал 2,44 промили алкохол во крвта. Бензинската станица се откажала од наплата на трошокот за гориво во висина од 74 центи.

Претходна објаваГрејачите во седиштата се решение за студените денови
Следна објаваSamsung преоѓа на Tizen за новите паметни телевизори

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here