за

Samsung преоѓа на Tizen за новите паметни телевизори

Системска промена кај Samsung. Паметните телевизори од 2015 ќе го користат отворениот оперативен систем Tizen. Останува мистеријата околу првиот паметен телефон со Tizen.

Samsung во иднина ќе го користи оперативниот систем Tizen кај своите паметни телевизори. Сите нови смарт-ТВ што ќе се појават во продажба во оваа година ќе користат платформа врз основа на отворениот оперативен систем. Првите уреди со Tizen ќе бидат претставени на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас, којшто ги отвора портите во следната недела.

Според производителот, преоѓањето на Tizen е „решавачки чекор за поинтелигентен систем со подобра интеграција“. Дополнително се нагласува потенцијалот на платформата за развивачите, како и за корисниците. Samsung го објави првиот кит за развивачи веќе во минатото лето.

Од отворениот систем се очекува подобра можност за мрежно поврзување на уреди од различни класи. Tizen е развиен врз основа на Debian, како и Maemo и Meego, и наменет е за примена на различни уреди, почнувајќи од паметни телефони, преку телевизори, до автомобили. Samsung го користи и на два модела на паметни часовници од серијата Gear.

Samsung досега немаше успех со Tizen на паметните телефони. Најавениот и повечепати одложуван Samsung Z, според последните шпекулации треба да се појави во средината на јануари на индискиот пазар. Планираното стартување со продажбата во Русија во минатиот јули беше одложено поради недоволниот број на апликации за платформата.

Конкурентот LG веќе прикажа како системот за паметни телефони што е базиран на Linux може успешно да се примени на телевизор. LG го спаси системот WebOS и го претвори во стандардна платформа за неговите нови паметни телевизори. Првите фотографии од телевизорите на Samsung со Tizen изгледаат слично на платформата на LG.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пијан Германец сакал да наточи бензин во својот велосипед

Тука се вози со 1000 КС: Најбесните тјунирани лимузини за шефовите