500.000 примероци од Skoda Octavia од третата генерација

Во фабриката на Skoda во Млада Болеслава се произведе 500.000-от примерок од актуелната генерација на Octavia. Чесите наведуваат и неколку интересни факти по тој повод.

Јубилејното возило е бела Octavia GreenLine, со погонска спрега и каросерија оптимирани за штедливост и со просечна потрошувачка од 3,2 литри дизел на сто километри. Продажбата на Octavia на пазарот во Западна Европа до крајот на ноември забележа зголемување од 24,7 проценти, воедно поставувајќи продажни рекорди во повеќе земји. Незначително е послаб порастот во продажбата во Централна Европа, со повеќе од 20 проценти. Во првите единаесет месеци, Skoda Octavia има постигнато најдобри месечни продажби во Чешка, Унгарија, Финска, Естонија, Полска, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина и Исланд.

Во девет земји во Источна Европа, Skoda Octavia била на првото место во месечната продажба во 2014

Освен во Чешка, третата генерација на Skoda Octavia се произведува во Кина, Русија, Индија, Украина и Казахстан. Како најголем единечен пазар на Skoda, Кина има централна улога за марката и за моделот. Octavia стартуваше со продажба во средината на годината и веќе во ноември има зголемување на продажбата од 112,4 проценти. Skoda планира во следните години да ја зголеми продажбата на 1,5 милион возила.

Од претставувањето на првата генеација во 1996 година до крајот на ноември се продадени вкупно 4,46 милиони примероци од Octavia. Тоа се 40 проценти од вкупната продажба на чешката марка во тој период.

Претходна објаваСАД: Мобилна апликација во замена за возачка дозвола
Следна објаваVolvo се откажува од светските автосалони: Ќе настапува самостојно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here