Со близу 200 КС, последната спортска верзија на Fiat 500 конечно ја зацврсти својата позиција како најсилно мини на пазарот. Но и цената излегува далеку од рамките на класата.
Италијанците стартуваа со продажба на Abarth 695 Biposto по цена од близу 40.000 евра. Најсилната верзија на Fiat 500 досега е чист двосед. Моторот од 1,4 литар со тубонатполнење ослободува 190 КС, а крајната брзина изнесува 230 km/h. Уште поубедливо звучи податокот за забрзувањето: 5,9 секунди до темпо сто! Преносот на сила се врши преку мануелен менувач со пет степени, а со доплата се добива и секвенцијален тркачки менувач со пет степени, којшто функционира без педала за спојката и работи во комбинација со механичка блокада на диференцијалот. Според Abarth, просечната потрошувачка изнесува 6,2 литри.
Biposto е третиот степен на надградба на Fiat 500 од специјалистот Abarth. Досега се нудеа само Abarth 500 со 140 КС и Abarth 595 со 160 КС. За разлика од 695, овие модели се нудат и во кабриолет изведба.
http://youtu.be/BDwz_MtSx2o
















