Украдени автомобилите за новиот филм со Џејмс Бонд

Долги прсти место златни прсти. Во германскиот Нојс се украдени пет примероци од Range Rover Sport, коишто биле наменети како реквизити за новиот филм за агентот 007.

Од плацот на увозникот на Jaguar Land Rover за германскиот пазар во Нојс се украдени пет посебни возила, коишто биле наменети токму за најпознатиот таен агент во светот, 007. Возилата требало да се користат за новиот филм за Џејмс Бонд, којшто ќе почне да се прикажува во следната есен и во моментов се снима на Алпите.

Полицијата уште ги бара сторителите. Петте примероци од Range Rover Sport биле украдени од катна гаража во германскиот град Нојс со капацитет за 600 автомобили. Покрај автомобилите на Џејмс Бонд се украдени уште четири автомобили. Вкупната вредност на возилата е преку 800.000 евра.

Во Jaguar Land Rover уште владее молк околу кражбата. Тоа е сосема разбирливо, затоа што производителот на благородните британски марки не сака да го уништи реномето на своите возила. Голем број автомобилски марки имаат продефилирано во филмовите за 007 и го имаат искористено тоа во функција на публицитетот: Џејмс Бонд има возено Aston Martin, BMW, Ford, Land Rover. Но, кражбата на петте автомобили му носи само лош публицитет на производителот. Покрај тоа, според последните анкети, Land Rover е меѓу омилените марки на крадците. Од лошо, полошо.

Крадците сепак ќе имаат мал проблем со нивниот плен. Поради полесно излетување на каскадерите од кабината при снимањето на акциските сцени, возилата се опремени со лесно кршлив ветробран.

Претходна објаваiPhone сам се штити од незгоден пад
Следна објаваНа електромобилите им слабеат батериите веќе по три години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here