Австриски автоклуб го провери капацитетот на батериите на електромобилот на супертест по три години. Тој се смалил за 17 проценти, а соодветно на тоа се смалил и досегот.
Литиум јонските батерии на електромобилите губат значителен дел од капацитетот по само три години. Тоа е заклучокот од супертестот што го спроведе еден автоклуб од Австрија. Клубот го изврши мерењето на електричен Mitsubishi i-MiEV од сопствениот возен парк од автомобили на супертест. Капацитетот на батериите бил измерен официјално во 2011 година. По три години и 40.000 изминати километри, мерењето било повторено. Резулатот е: Корисниот капацитет на батеријата на возилото се смалил за 17 проценти.
Тоа значи дека во секојдневието сега може да се изминат максимално 90 километри, место 108 километри во почетокот. Истото се потврдило и на пробната рампа со валци при фиктивна константна брзина од 50 km/h. Место 165 километри, возилото по три години може да помине само 137 километри во овие лабораториски услови, пред батериите да мора да се наполнат повторно. Експертите на клубот проценуваат дека случајот важи и за другите производители, затоа што ја применуваат истата технологија.
















