Секому е познато потеклото на името на Volkswagen Golf. Тоа потекнува од голфската струја и се надоврзува на имињата на топлите ветришта пасат и широко. Но, вистинската приказна е друга.
Господинот Ханс-Јоаким Цимерман, прв човек за набавки во времето на развојот на првата генерација на Golf, најдобро знае од каде потекнува името на моделот на Volkswagen по когошто денес се нарекува цела една класа возила. Тогашниот претседател на Volkswagen, Хорст Минцнер, во летото 1973-то, при приватна посета кај Цимерман го јавал неговиот коњ од хановеранска сорта и бил одушевен од него. Името на овој коњ: Голф. Само неколку денови подоцна Минцнер им го покажал на вработените првиот прототип од идниот компактен автомобил, на чијшто заден капак било напишано името Golf.
Дотогаш во игра биле други имиња, како Blizzard или Caribe, но Golf одговарало совршено. Со години потоа никој се нема обидено да дознае од каде всушност потекнува името на овој модел на Volkswagen, сметајќи дека објаснувањето доаѓа само по себе, меѓу другото и покрај другите модели на Volkswagen со имиња според ветришта, како Passat или Scirocco. Но, името на Golf сепак потекнува од коњот на Цимерман.
















