Девојката од ова видео имаше „среќа“ да се извози еден круг во двоседот од формула 1 со Бруно Сена на патеката Јас Марина во Абу Даби.
Зарем не сонуваат сите за тоа, како навистина изгледа возењето во болид од формула 1? По овие сцени, многумина ќе се откажат од таа идеја. Девојката на крајот од возењето коментира на германски јазик за искуството: „Нема проблем!“. На видеото сепак изгледа дека возењето и не беше толку пријатно искуство. Во секој случај, честитки за храброста! Нека каже после некој дека жените се понежниот пол.
















