Студенти на техника од Цирих изработија болид со погон на струја, кој денес постави рекорд за најдобро забрзување од место до 100 km/h за автомобили со овој погон.
Само 1,785 секунда му е потребна на електромобилот од студентите на Техничкиот Универзитет во Цирих да забрза од место до сто километри на час. Тоа е официјално и новиот светски рекорд во оваа категорија. Претходниот рекорд го држеа нивните колеги од холандскиот Делфт, чијшто електромобил забрзуваше до сто за 2,13 секунди. За споредба, актуелните болиди во формула 1 забрзуваат за околу 2,5 секунди. Спектаклот на швајцарскиот електроболид е дотолку повеќе спектакуларен што возењето се одвиваше речиси без звук.
Возилото тежи само 168 килограми, а моторите вградени во самите тркала постигнуваат моќност од преку 200 КС. За тркалата да не пролизгуваат се користи контрола на тракција на сите тркала. За да забрза до сто, на автомобилот му беа потребни само 30 метри!
















