Hyundai започна со производство на новиот i20 во Турција

Фабриката на Hyundai во Турција е „ХАОС“, но и денес беше сé во ред да се означи почетокот на производството на најголемиот новитет на Корејците во претстојната година.

Фабриката на Hyundai во Турција, официјално именувана Hyundai Assan Otomotiv Sanayi (HAOS) денес започна со производство на новиот i20. Со овој модел, Корејците планираат да освојат поголемо парче од европскиот пазар отколку со претходните генерации Getz и првиот i20. За планот да успее, Hyundai i20 е дизајниран, развиен и произведуван во Европа. На премиерата на моделот пред две седмици во Париз, посетителите реагираа позитивно на просторноста на кабината, како и на впечатокот за квалитет во изработката.

Продажбата на моделот на европскиот пазар ќе стартува в година. Фабриката HAOS во Турција игра значајна улога за Hyundai на европскиот пазар, како единствена производствена база за моделите i10 и i20 наменети за Европа. Од отворањето во 1997 година, HAOS произведе преку еден милион автомобили, а годишната продукција моментно е на ниво од 200.000 возила.

Претходна објаваНовиот Hyundai i20 ќе добие турбобензинец со 120 КС
Следна објаваAudi стартува со тркачка серија за новиот TT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here