Toyota ќе го произведува кросоверот C-HR во Турција

Toyota ќе инвестира близу 200 милиони евра во Турција за производството на компактниот кросовер

Како што најави со студијата C-HR од Париз, јапонската марка планира да ја збогати моделската понуда со кросовер базиран на платформата од Corolla, којшто ќе се произведува во Турција.

Според пишувањето на јапонскиот „Никеи Репорт“, Toyota планира да го произведува кросоверот позициониран под RAV4 во Турција. Новиот модел ќе се ориентира според дизајнот на студијата C-HR којашто беше прикажана на салонот во Париз. За производството на новиот кросовер, Toyota ќе инвестира 187 милиони долари во проширувањето на фабриката во турскиот Адапазари.

Со оваа инвестиција ќе се зголеми производствениот капацитет за 100.000 возила. Во фабриката во Турција, Toyora го произведува Verso, а од средината на минатата година и актуелната верзија на Toyota Corolla. Возилата од Турција се извезуваат во 30 држави во Европа, на Средниот Исток и во Африка. Кросоверот ќе ја користи платформата NGA-C на којашто се базира и актуелната Corolla.

Претходна објава250 фунти за еден час со олдтајмер на Jaguar
Следна објаваOpel Mokka се продава подобро и од знаменосецот Insignia

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here