Потврдено од шефот: Opel Astra OPC доаѓа во 2017 година

Во развојот на идниот тркач се користат искуствата со лесни материјали од студијата Astra OPC Extreme

Следната генерација на Astra веќе е во завршно тестирање, но досега немаше информации дали и натаму ќе се нуди верзијата OPC. Шефот Вилфрид Дие потврди, OPC доаѓа.

Шефот на одделението за спортските модели на Opel потврди дека верзијата OPC ќе следува една година по премиерата на новата генерација на Astra, чијшто пазарен старт се очекува кон крајот на 2015 година. Новата Astra OPC ќе го замени дволитарскиот турбо со помал мотор со зафатнина од 1,6 литар. Иако помал, новиот мотор во OPC ќе има дури и неколку КС повеќе во споредба со актуелниот дволитарец со 280 КС.

Со примена на полесни материјали значително ќе се намали и тежината на идниот спортски модел во гамата на Astra. Актуелната верзија OPC тежи околу 1,5 тон, а шефот Дие најавува дека идниот модел ќе намали околу 150 килограми од тежината. Техничарите на Opеl го најавија правецот на развој на новиот OPC преку студијата Astra OPC Extreme.

Претходна објаваБогатите купуваат како луди: Bentley повторно пред рекордна година
Следна објаваBMW го вработи главниот инженер на Ferrari

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here